Најјакиот оглас: Сними реклама дека ја продава колата – достигна цена 150.000 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека добрата идеја е половина завршена работа докажа Макс Ланман, режисер од Лос Анџелес, кој сними цел рекламен спот и на тој начин придонесе за својата вереница да го продаде нејзиниот половен автомобил Honda Accord од 1996 година, која има поминато над 230.000 километри.

Почетната цена на автомобилот, кој го нарекоа Greenie, беше 499 долари. Огласот го следи видео, односно едноминутна реклама која ја сними Ланман.

„Вие сте поразлични. Вие ги правите нештата на свој начин. Тоа е она што ве издвојува, не ви требаат ствари, бидејќи сте среќни со она што сте. Не грижете се за пари, бидејќи имате сè што некогаш сте посакале“, вели нараторот од видеото, а после тоа го претставува половниот Honda Accord.