Нобел

Најголемиот на светот: Чудовиште од телевизор со екран од 6 метри за бесни 539.000 долари


Телевизорот C seed 262 со 4К резолуција, претставува најголемиот телевизор на светот во моментов.

Ова чудовиште од телевизор има 262 инчи, односно ЛЕД екран со должина од над шест метри. Има десет интегрирани сараунд звучници, резолуција на сликата од 4096 х 1716 пиксели, и тежи 800 килограми.

C Seed 262 чини 539.000 долари, а за инсталација на програмата за управување ќе треба да потрошите уште 38.500 долари. Тоа значи дека овој уред за домаќинство вреди колку еден просечен стан во Њујорк.

Телевизорот ќе биде пуштен во продажба ова лето.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!