Најголеми проблеми при праќање на луѓе на Марс се ракетата, депресијата и радијацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постојат три основни проблеми, кои за сега го спречуваат праќањето на луѓе на Марс. Тоа се недостаток на доволно квалитетна ракета за повеќе летови, појавата на депресија, и радијацијата во вселената.

Научниците велат дека префрлањето на луѓе на Марс многу чини, и со денешната технологија, цената на мисијата би изнесувала околу 100 до 500 милијарди долари. Единствен начин да се намалат трошоците е да се направи ракета за повеќекратно користење.

Оваа година во план е да се лансира Falcon Heavy, доколку биде успешно тоа ќе биде голем чекор во демонстација на способност за праќање вселенски летала надвор од Земјината орбита.

Проблем е патот, би можел да биде многу досаден. Долг период и „брзање“ во вселената би можело да доведе до депресија.

Летот на Марс би траел околу 8 месеци, а секои 15 години, кога Земјата и Марс се најблоску, летот се скратува за 6 месеци.

Покрај тоа што астронаутите поминуваат низ интензивни психички тестови, ниедна вселенска мисија не е ни близу до ова патување до Марс.

После долги истражувања, докажале дека со работа најлесно се спречува досадата. Научниците веруваат дека патот на астронаутите мора да биде што позабавен, па се прават игри во нулта гравитација, филмови, па дури и „ресторани“.

Голем проблем за да биде успешна оваа мисија, би била и радијацијата во вселената. Опасното зрачење би можело да доведи до губење на видот и карцином. Процентот на радијација на која би биле изложени атронаутите е 15 пати поголем од максималниот лимит на кој смеат да бидат изложени вработени во нуклеарни централи. Постојат разни штитови за заштита но тие би ја зголемиле масата, како и цената на мисијата. Така во следните 10 години приоритет ќе биде истражувањето.