Најголемата мистерија во фудбалот: Роналдо се гушел во собата, сите мислеле дека е мртов, а потоа…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


12-ти јули 1998 година, Париз. Тој ден е најголемото спортско случување во светот, домаќинот Франција игра против фаворитот Бразил во финалето на Светското првенство.

Во тимот преполн со ѕвезди, Роналдо беше онаа најблескавата, бразилскиот број „девет“ кој ја сакаше „Златната топка“.

Сепак, на изненадување на целата планета неговото име не беше на списокот на стартните 11 фудбалери. Веднаш се појавија шпекулации додека медиумите се обидуваа да дознаат зошто најдобриот фудбалер на светот не игра на најважниот натпревар во кариерата. Се говореше за повреда на коленото, а се споменуваше и ненаден пад.

Меѓутоа, веднаш потоа се појави нова постана со името на Роналдо на местото на Едмундо. „Феноменот“ не се покажа, Франција славеше со 3:0, што беше најголем пораз на „кариоките“ на СП до тогаш.

Тоа што всушност навистина се случило тој ден е можеби најневеројатната сторија во фудбалот. На денот на финалето, неколку часа после ручекот, Роналдо доживеал напад во хотелот. Телото му било згрчено, а устата почнала да му се полни со пења.

„Тој е мртов, тој е мртов“, викал Роберто Карлос, трчајќи од соба во соба и удирајќи по вратите. Соиграчите Едмундо и Сампаоло стигнале во собата да му пружат помош и да му го извадат јазикот бидејќи „Феноменот“ веќе почнал да се гуши.

Потоа стугнале докторите, а тимскиот лекар Лидио Толедо наводно плачел кога излегувал од собата, верувајќи дека ситуацијата е сериозна.

Кога Роналдо се разбудил, никој од играчите не сакал да му каже што се случило. Меѓутоа било очигледно дека има проблем, па Толедо му открил се и го испратил на неуролошки и кардиолошки тестови.

Кога резултатите покажаа дека се е во ред, Роналдо е вратен во тимот во последен момент иако некои играчи се противеле на тоа.