Најголемата измама во историјата на вечното дерби Партизан-Црвена Ѕвезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само еднаш во фудбалската историја на дуелите помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда вечните ривали играа дерби на 29 Ноември, Денот на републиката на СФР Југославија.

Тоа се случи во 1978 година и тој дуел засекогаш ќе остане запаметен во аналите на фудбалската историја која ја испишаа и сè уште ја испишуваат овие два клуба. Тогаш беше одиграно 63-то првенствено дерби помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда кои силите си ги одмерија на стадионот ЈНА.

Црвено-белите го добија тој меч со 3:1, а на таа пресметка беше постигнат најпознатиот гол на вечното меѓусебно дерби на овие два клуба, кој беше дело на мајсторот од Ѕвезда Милош Шестиќ за резултат од 0:1 во 21-та минута од натпреварот.

А измамата по која ќе остане запаметен овој епски дуел одеше некако вака. Голманот на Партизан, Петар Борота, доби еден скок дуел во шеснаесетникот, а притоа доби и удар. Меѓутоа, со оглед на тоа дека топката остана во негови раце, судијата не досуди прекршок врз голманот. Тоа го искористи Шестиќ за да го измами Борота.

„Куме, судијата свирна фаул“, му рече Шестиќ на Борота.

Голманот од Партизан му поверува и ја спушти топката на земја, што легендарниот Шеле го искористи како момент да ја „украде“ и да ја смести во празната мрежа. Протестирањето на Борота кај судијата беше залудно, што можеше да му направи арбитарот кога подлегна на лагата од Шестиќ.