Најдобриот татко на светот: За ќерката изгради Ninja Warrior полигон во дворот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само затоа што Лајла има пет години не значи дека не може да започне со тренирање за Аmerican Ninja Warrior поради својата возраст.

Нејзиниот татко, Гевин МекКол, за неа го изгради најимпресивниот и најзабавен домашен полигон за оваа дисциплина, за да може Лајла да вежба во нивниот куќен двор. А дополнителна забава се попатните коментари и бодрењето на Лајла додека Гевин ја снима како ги совладува пречките на полигонот.

МекКол, исто така, иницираше и страница на GoFundMe за да и’ помогне на Лајла да собере повеќе опрема за тренинг. Тоа со сигурност го прави најдобриот татко на светот, барем за неговата мала ќеркичка.