Најдобар лек против мамурлак после лудите празнични ноќи – ви требаат 4 состојки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единствен сигурен начин во целост да го одбегнете мамурлакот после луда ноќ и забава е да бидете умерени во сè што консумирате. Но, ако веќе сте претерале, следниот ден голема е веројатноста да завршите со главоболка која никако не си „оди“.

Во тој случај, еден од најефикасните начини е црната лимонада со јаглен. За подготовка на овој напиток ви се потребни неколку свежи лимони, јаворов сируп и активен медицински јаглен, кој сега може да се најде во речиси секоја продавница за здрава храна и во секоја аптека.

Што е активен црн јаглен?

Активниот црн јаглен е јаглен кој се користи во прехранбени цели, а се прави од кокос, тресет, јаглен или дрво. Има црна боја, без мирис и вкус и стана растечки тренд како адитив во пијалоците за детоксикација или боја за храна. Неговите својства овозможуваат да се врзе со токсините кои телото не може да ги апсорбира во желудникот или цревата.

Често поради тоа им се дава на лица кои се хоспитализирани поради труење или предозирање. Предупредување: Оваа состојка вашиот јазик и фекалии целосно ќе ги поцрнат, но не се вознемирувајте бидејќи тоа е минлива промена.

Подготовка:

– Цеден сок од два лимони

– 1 литар вода

– 1 мала лажичка активен црн јаглен

– 2 лачици јаворов сируп

Состојките добро измешајте ги и ставете ги во сад, па лекот против мамурлак е готов.