Филм / ТВ

Најдобар хорор на сите времиња: Во еден месец сруши рекорд стар 44 години


Хорор филмот „It“ на добар пат е да биде најбараниот хорор филм на сите времиња. Овај филм до сега има заработено 228 милиони долари во дел од кината низ САД. А до сега вкупно има заработено преку 400 милиони долари, и сеуште добро заработува. На снимањето на филмот потрошени биле 35 милиони долари.

До сега титулата за најдобар хорор филм ја носеше „Егзорцист“ од 1973 година, кој заработил 232,9 милиони долари.

Ако ова не ви е доволна причина за да го гледате, треба да напоменеме дека овај филм сруши уште еден рекорд. Филмот претставува и најисплатлив филм во период од септември до ноември. До сега таа титула ја носеше „Gravity“, кој во 2013 година заработи 274 милиони долари.

После таков успех, јасно е дека студиото кое го снимаше, „New Line“, размислува за продолжение. Уште нема официјална потврда дека ќе има продолжение, но режисерот Енди Мушиетти изјави дека продолжението за тој филм ќе му биде приоритет. А сценаристот Гери Дауберман веќе работел на новото сценарио.

На социјалните мрежи може да се најдат само пофалби на сметка на хорор филмот.

 


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top