Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инстаграм не се откажува од својата цензорска политика на голите женски гради, па и кампањата Free The Nipple исто така, е во полн замав на социјалните мрежи.
Поддршка оваа кампања доби од многу познати убавици, како Емили Ратајковски и Кејтлин Стејси, но Инстаграм и понатаму ги отстранува фотките на кои се гледаат разголени женски брадавици, додека машките не им пречат.
Меѓу оние кои сакаат „да ги ослободат брадавиците“ е и 22-годишната студентка Камила Гонзалез Кореа, која студира уметност на Сентрал Сент Мартин, а која започна нов уметнички проект кој укажува на доследната, неумолива и штетна сексуализација на женските брадавици и „протестира против сексистичкото правило на Инстаграм“.
Проектот е наречен The Nipple Act и бара од жените од различни возрасти, убедувања и големини на градите да испраќаат фотографии од своите брадавици, кои Кореа потоа ги претвора во уметнички дела и ги објавува на Инстаграм, дури и ако не им се допаѓа тоа на луѓето од менаџментот на социјалната мрежа.
Костариканската уметница женските брадавици потоа ги отсликува како уметнички дела користејќи современа модификација на старата сликарска техника поентилизам, која ја користел и Клод Моне.