Најбогати на светот, а уште немаат ни 30 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Магазинот „Форбс“ состави листа на млади, успешни и богати луѓе, кои успеале да го постигнат тоа пред 30 -от роденден.

Се работи за листа на која се најдоа припадници на забавната индустрија, но и на спортот бидејќи на неа се најдоа и фудбалерот Лионел Меси и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Освен тоа што се работи за млади и талентирани луѓе, се работи и за оние кои најмногу заработиле во период од јуни 2014 до јуни 2015 година.

Еве ги топ 10:

1. Тејлор Свифт (26 години) – 170 милиони долари

2. One Direction (22,23 и 24 години) – 110 милиони долари

3. Лионел Меси (29 години) – 81,5 милиони долари

4. Адел (28 години) – 80,5 милиони долари

5. Ријана (28 години) – 75 милиони долари

6. Џастин Бибер (22 години) – 56 милиони долари

6. Новак Ѓоковиќ (29 години) – 56 милиони долари

6. Кевин Дурант (28 години) -56 милиони долари

7. На Вејбд (26 години) – 55  милиони долари

8, Кем Њутон (27 години) – 53 милиони долари

9. Џенифер Лоренс (26 години) – 46 милиони долари

10. Бингбанг, корејски машки бенд (27, 28 и 29 години) – 44 милиони долари.