Награда од 100.000 евра за информации за терористот од Берлин, Анис Амри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сојузната криминалистичка служба на Германија, по налог на јавното обвинителство, и со поддршка од покраинските полиции спроведува интензивна потрага по Анис Амри, а за информација за него е распишана и награда.

Обвинителството распиша награда до 100.000 евра за информација која би довела до апсење на осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Берлин.

По налог на обвинителството е распишана и јавна потерница, во која за првпат е наведено и презимето на осомничениот, а наведено е и дека е стар 24 години и дека е роден во Тунис.

Амри, според германските медиуми, има повеќе пасоши и идентитети и е на возраст меѓу 21 и 23 години. Тој ѝ е познат на полицијата за нанесување телесни повреди, а обвинение не било поднесено бидејќи полицијата му ја изгубила трагата.

Осомничениот за нападот во Берлин одредено време живеел кај Германец со српско потекло идентификуван како Бобан С. кој минатиот месец бил уапсен за врбување за Исламска држава.

Бобан С. Бил уапсен со бројот 1 на ИСИС во Германија, Абу Вала, а е обвинет дека во Дортмунд врвувал луѓе за радикален ислам и ја поддржувал Исламска држава. Тој бил задолжен новите регрути на ИСИС да го научат арапскиот јазик и исламските норми.

Германските медиуми пренесуваат дека Бобан С. Има германски и српски пасош, а се наведува дека бил уапсен на 8 ноември во рамки на голема акција против припадници на Исламска држава во Германија.