Нафтата со стрмен пад на цените


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цените на нафтата во четврток нагло паднаа по одлуката на Организацијата на земји производители на нафта(ОПЕК) и државите надвор од тој картел да продолжи ограничувањето во производството на нафта, пренесува РСЕ.

Членките на ОПЕК и другите земји се договорија ограничувањето за производство на нафта да биде продолжено за девет месеци за да се поткрепат цените, но и покрај тоа цените на нафтата на светските пазари паднаа околу четири отсто.

Блумберг наведува дека причина за тоа е што е договорено да се ограничи производството, но не и дополнително да се намали.

Цената на референтната американска нафта, според податоците на Блумберг, паднала за четири отсто, на 49,3 долари за барел, а на нафтата брент за 3,7 отсто, на 52 долара за барел.