Видео

Набилдан цајкан трепереше од страв и пискаше како девојче – се исплаши од оваа појава


Полицаец пискаше од страв во обид да ја фати ситната змија со превртена корпа за ѓубре. Случката е снимена откако малото змивче се пикна во зградата од кампусот на Универзитетот во Централна Флорида, пренесува Mirror.

Змијата првин се обиде да ја фати една жена со помош на чадор, а потоа во „потфатот“ се придружи и полицаецот.

И додека тој потскокнуваше од страв и цело време викаше „срање“, на неговите колеги тоа им беше смешно, па го снимаа уплашениот џандар, кој знаеше дека змијата е сосема безопасна, но сепак реагираше како што реагираше.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top