Актуелно

На „трета мајка“ Љубомир Јовески избран за нов Јавен обвинител


На трет обид, со гласање од 61 глас „за“ и еден воздржан, Собранието на Република Македонија го избра Љубомир Јовески за нов Јавен обвинител.

Претходно, Собранието двапати неуспешно гласаше за изборот на нов Јавен обвинител, но не успеа да го избере Љубомир Јовески поради недоволен број гласови, пренесува СакамДаКажам.

При првото гласање, „за“ беа 59 пратеници, а еден беше „воздржан“. Во повторниот обид, имаше 60 гласа „за“, но пак недоволно, бидејќи потребни се 61 глас „за“. По второто гласање, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за да можат координаторите на пратеничките групи на обезбедат кворум.

По паузата во Собранието се појави пратеничката на ДУИ Шпреса Хадри, со што се обезбеди кворум за да се гласа за изборот на Јовески.

Опозицијата не присуствуваше на гласањето за новиот Јавен обвинител.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top