Home Актуелно На собраниска седница денес ќе се бираат уставни судии

На собраниска седница денес ќе се бираат уставни судии

Собраниската 27-ма седница која треба да продолжи денес, на дневен ред го има изборот на уставни судии и Предлог-законот за употреба на јазиците. Она што сѐ уште е неизвесно во врска со оваа седница е дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на истата.

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека барем меѓу пратениците нема одлука дали ќе учествуваат во работата на Собранието, а претседателот на партијата, Христијан Мицкоски за Алсат-М најави дека партијата утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе одлучат како понатаму ќе делуваат.

Инаку, во текот на јануари закажани се продолженија на шест седници и две собраниски комисии, меѓу нив и за ратификацијата на Договорот со Бугарија, како и обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Денеска на дневен ред е и Законот за јазиците, за кој власта досега не сакаше да се гласа во отсуство на опозицијата. Пратениците од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати во Собранието, бидејќи тоа го очекуваат и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Собранието по приведувањето на шест опозициски пратеници за настаните од 27. април. Токму поради притворот, неизвесно е и како ќе функционираат десетте пратенички групи на кои се подели опозицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…