На раб на инцидент: Мелничани во конфликт со експлоататорите на шума


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На работ на инцидент беше синоќешниот обид на концесионерот на Мали Пром од Велес да пренесе сечени огревни дрва од атарот на село Мелница.

Жителите на ова велешко село не му дозволуваат да го користи патот, за кој велат дека го изградиле со сопствени пари. Иако неколкупати му укажувале на тоа, селаните велат дека концесионерот ги игнорирал.

Преку нас мртви можат, а живи не можат, изјави Илмија Етовски, жител на с. Мелница.

Од почеток патот е правен со приватни средства, со приватна механизација, одржувањето го правиме исклучиво ние, изјави Јусуф Талевиќ, жител на с. Мелница.

Во овој случај сме неиспочитувани и тоа прави дополнителен револт, затоа и реагираме вака, изјави Етем Таировски, жител на с. Мелница.

Кулминацијата се случи завчера, кога неколку стотини жители на концесионерот му го попречија патот. Според нив, сопственикот Зоран Тодоровски кој го возел камионот, се обидел со железна шипка да дели правда.

Сопственикот на Мали Пром, Зоран Тодоровски, не сакаше да даде изјава пред камера. Вели дека во бизнисот со огревно дрво е долго, но вакво нешто не му се случило. Негира дека сакал да нападне некого и тврди дека тој бил физички нападнат од селаните. Полицијата интервенираше за да не дојде до поголем инцидент.

Присутен беше и претставник од општина Чашка, кој рече дека локалната самоуправа ги поддржува жителите на Мелница. Тие, пак, ѝ се лути на државата што дозволува сеча на шумата, со што се уништува природата во овој реон.