На повидок уште една кралска венчавка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл ја најавија нивната венчавка, тоа го направи уште една претставничка на кралското семејство – принцезата Јуџени.

Јуџени е ќерка на принцот Ендру, војводата од Јорк, и Сара, војвотката од Јорк. Таа ќе се мажи за Џек Бруксбенк.

„Војводата и војвотката од Јорк се возбудени што можат да ја најават венчавката на принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк“; објавија од британската кралска палата.

Парот овој месец се вери во Никарагва, а веќе е познато и каде ќе се одржи венчавката. Тие ќе го кажат своето големо „да“ пред олтар во септември и тоа во капелата Сент Џорџ во Виндзор, каде на пролет ќе се венча и Хари со Меган.

Бруксбенк јавноста го запозна преку медиумите кои ги полнеа страниците со негови непримерни фотографии со стриптизерки кои протекоа јавно.