Спорт

На повидок голема трампа помеѓу Милан и Реал


Реал Мадрид и Милан во јануари би можеле да направат голема трампа, која сигурно ќе ја раздрма фудбалската јавност, пренесуваат шпанските медиуми.

Имено, како што пренесува „Дон Балон“, Реал Мадрид е одлучен да се ослободи од Герет Бејл и да побара негова замена. Најголема причина за тоа се повредите кои го мачат Велшанецот во последните 18 месеци.

Зинедин Зидан како замена за Бејл сака да ја донесе ѕвездата на Милан и шпански репрезентативец Сусо. Ирачот неодамна го продолжи договорот со „росонерите“, но има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да му понуди размена на „кралевите“, а за возврат да ги добие услугите на Матео Ковачиќ.

Хрватот иделано би се вклопил во играта на тренерот Монтела, а моментално не добива голема минутажа на „Сантиаго Бернабеу“.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top