На Островот тврдат: Уште една ѕвезда на Челзи се сели во Јунјетед!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Челзи, Давид Луиз е исклучително незадоволен од третманот кој го има кај тренерот Антонио Конте, па неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна.

Денес англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за Бразилецот.

Минатото лето Мурињо го донесе Немања Матиќ од Челзи, што се покажа како вистински потег, па сега сака да „украде“ уште една ѕвезда од „Стенфорд Бриџ“.

Давид Луиз заедно со Немања Матиќ и Диего Коста беше најзаслужен за титулата минатата сезона, но тренерот Конте влезе во расправија со него и го острани од тимот. Иако Бразилецот сега почна да тренира со тимот, не е јасно дали ќе биде во составот за натпреварот против Лестер.

Мурињо ги цени квалитетите на Давид Луиз и сигурно ќе има стандардно место во стартниот тим, па „црвените ѓаволи“ наводно се спремни да испратат понуда до Челзи.