Славни

На малиов му требаше едно селфи за да стане поголема атракција од Тимберлејк


Момчето кое го фатија камерите на Супербоул како прави селфи со Џастин Тимберлејк стана интернет атракција и е попопуларен од самиот настап на славниот пејач.

Тринаесетгодишниот Рајан Мекена ја искористи приликата за време на настапот на Тимберлејк за да направи селфи, а потоа гледа во сликата додека пејачот игра покрај него и е во фокусот на камерите.

Младиот Рајан беше толку возбуден што се сликал со познатиот пејач, што го пропушти остатокот од неговото шоу, кое што се одржуваше на неколку сантиметри од него.

Целата сцена претставуваше неисцрпна инспирација за илјадници мемиња кои се појавија по социјалните мрежи.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top