На група нуркачи опасно им се приближи ајкула – тогаш на помош дојде ТОЈ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако не сте виделе како изгледа кога кит ќе застане во одбрана на нуркачи, тогаш видеото кое ви го пренесуваме подолу е она кое треба да го погледнете.

Големиот грбав кит застана во одбрана на група нуркачи на кои опасно им се доближи една ајкула во водите на Тихиот океан, во близина на Куковите Острови.

Биологот Нан Хаусер (63) вели дека грбавиот кит ги штител неа и нејзината екипа од тигрестата ајкула која кружела околу нив, така што ги ставил под својата перка, а потоа со главата и устата ги оттуркал подалеку од опасноста.

Цицачот тежок 25 тони и долг околу 14 метри во еден момент ја подигна Нан и надвор од водата. Таа тврди дека овој „инцидент“ кој се случил во октомври, ја докажува природата на китот да ги спасува другите суштества, нешто што досега не беше снимено.

„Не бев сигурна што планира китот кога ми пријде, а не престана да ме истуркува цели десет минути“, вели Нан, која живее на Куковите Острови. „28 години сум поминала под вода со китови, и никогаш досега не сум видела толку грижлив кит кој инсистираше да ме смести под својата перка“, додаде таа.