На дисконтен попуст: Баерн продава Бразилец по набавна цена!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Даглас Коста одигра фантастична прва сезона во Баерн Минхен, па многумина веднаш заклучија дека тој е легитимен наследник на Рибери и Робен.

Меѓутоа оваа сезона Даглас Коста е само бледа сенка на играчот кој го гледавме минатата година, па често ја грее клупата за резерви. Поради тоа Бразилецот во неколку наврати јавно истака дека не е среќен и дека сака да ја промени средината.

Германските медиуми тврдат дека Баерн нема ништо против неговото заминување и дека е спремен да го пушти за сума од 30 милиони евра.

Со оглед на сумите кои денес се трошат на трансфер пазарот, оваа сума сигурно претставува „ситница“ за 26-годишниот Бразилец кој несомнено дека има врвни квалитети.

Најголем интерес во моментов покажуваат Јувентус, Тотенхем и Ливерпул, па останува да видиме кој ќе биде изборот на фудбалерот.