На денешен ден е роден Гоце Делчев – еден од најголемите македонски синови!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешен ден 1872г во Кукуш, денес егејска Македонија, е роден Ѓорѓи Николов Делчев попознат како Гоце Делчев македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец, апостол и срцето на МРО во периодот пред Илинденското востание.

По тој повод делегација на Владата на Република Македонија во состав Радмила Шекеринска министер за одбрана, заемник министерот за култура Владимир Лазовски и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски ќе положи цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Тој се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

До 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија, а убиен е на 4 мај 1903 година од турската војска во селото Баница.

– Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија?
(Гоце Делчев)