На Чапаровски му најдоа стотици и десетици илјади евра, долари, франци и фунти во таен сеф


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот директор на Клиниката на неврохирургија кој се товари дека земал поткуп од пациенти доби кривична пријава за противправно стекнување и прикривање на имот.

Чапаровски го криел својот имот и не го пријавил во Антикорупциска. Најден е сеф во сопственост на Чапаровски во којшто се најдени 199.000 евра, 18.300 американски долари, 21.900 швајцарски франци, 1.500 фунти, 50 бугарски лева, како и паричник со 19 монети од благороден метал и накит, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.

Чапаровски располагал со шест имотни листа недвижен имот на подрачјето на Скопје и еден имотен лист недвижен имот во Гостивар.

Против Чапаровски има кривична примјава и за примање поткуп  каде при извршен претрес во неговата работна канцеларија беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700,00 денари, додека при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9750 евра и 10.000 денари.

Извор: 24Вести