Вебкафе

На Антарктик се отвори мистериозна дупка со големина на Холандија


Огромна мистериозна дупка со димензии колку Холандија се отвори во мразот на Антарктикот, а научниците не знаат на што се должи оваа појава.

„Огромната, мистериозна дупка е неверојатна. Изгледа како некој буквално да издупчил дупка во мразот“, вели атмосферскиот физичар Кент Мур од универзитетот Мисисауг во Торонто во изјава за Motherboard.

Областите на отворена вода во кои морската вода е опкружени со мраз, како овој, се нарекува полинии. Се формираат на обалните области на Антарктикот, објаснува Мур. Она што овде е чудно е што оваа полинија е „длабоко во мразот“, па се формирале процеси кои не можеме да ги разбереме, додава тој.

„Дупката се наоѓа на стотина километри од работ на мразот. Да немавме сателити, немаше да знаеме дека постои“, вели Мур.

Полинија е веќе забележан на ова исто место во Веделовото море во седумдесеттите години од минатиот век, тврди Кент. Научниците тогаш не успеале да ги откријат причините за нејзината појава, бидејќи истражувачките инструменти не биле прецизни како што се денешните. Минатата година дупката повторно се отворила на неколку недели. Сега повторно е тука.

„Ова е втора година по ред да се отвори, откако ја немаше 40 години. Се обидуваме да сфатиме што се случува“, додава научникот.

Претпоставките дека за сè е виновно глобалното затоплување, кое го менува изгледот на светот, за Мур уште е рано да се тврдат. Она што научниците без сомнеж можат да заклучат е дека полиниите имаат силно влијание на океаните.

„Кога се топи мразот, разликата во температурата помеѓу океанот и атмосферата е голема. Погустата и поладна вода оди на дното од океанот, додека потоплата се задржува на површината поради што полинијата може да продолжи да се шири“, додава Мур.

Со помош на сателити и подморски робот, Мур и неговите соработници работат на уште необјавени истражувања кои би требало да одговорат на некои од досега неодговорените прашања.

„Во споредба на периодот пред 40 години, количеството на податоци кое го имаме денес е неверојатно“, заклучува тој.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top