На 116 години почина најстарата личност во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Старицата Ана Вела Рубио, од Шпанија, позната како најстарата личност во Европа, почина на 116-годишна возраст.

Вела Рубио, поточно, имаше 116 години и 47 денови, а почина во дом за стари лица во Барселона. Во истиот дом, заедно со неа живеела и нејзината 90-годишна ќерка.

Ана Вела Рубио е родена на 29 октомври 1901 година во мало гратче во близина на Кордоба. Во моментов, најстарата личност во светот е Јапонката Наби Таџима која има 117 година и 134 денови.