МВР од ОЈО бара притвор за Богдан Илиевски, Дамовски и Дурловски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


МВР испратило писмо до ОЈО со кое го повикува обвинителството што побргу да ги повикаат на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите, јавува Алсат М.

Како што известуваат од Алсат М, од свои извори дознаваат дека станува збор за четири лица, со иницијали Б.Д, Б.И, Д.Х. и И.Д.

Од материјалите со кои располага полицијата се потврдило дека тие лица диригираат со протестите во текот на насилството во Собранието. Овие материјали се испратени со ургентно писмо во ОЈО.

Телевизијата објави дека полицијата продолжува да ги истражува собраните снимки од сите телевизии и од камерите во просториите на Собранието и работи на расчистување на драматичните настани во Собранието.