Мурињо во потрага по лев бек – ова е најголемата желба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен лев бек и тоа ќе биде приоритет за „црвените ѓаволи“ во зимскиот преоден рок.

Мурињо сака на таа позиција да донесе фудбалер кој ќе биде решение за наредните неколку сезони, а медиумите тврдат дека изборот паднал на 20-годишниот фудбалер на Еспањол, Арон Мартин.

Овој млад фудбалери минатата сезона одигра 30 натпревари во Примера и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтд. Скаути на „црвените ѓаволи“ ги следат неговите настапи и оваа сезона и се исклучително задоволни.

Арон Мартин има договор со Еспањол до 2022 година, а во него има откупна клаузула од 40 милиони евра.

Сепак, Јунајтед сака да почне преговори со шпанскиот клуб и е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.