Мурињо се поблиску до ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Идинината на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед е под знак прашалник после елиминацијата во Лигата на шампиони.

Британскиот „Мирор“ пренесува дека „Специјалниот“ и раководството на Манчестер Јунајтед имаат сериозни несогласувања во однос на летниот трансфер период, нешто што дополнително го оддалечува Мурињо од „Олд Трафорд“.

Раководството на „црвените ѓаволи“ очекуваше многу подобри резултати оваа сезона после бројните скапи засилувања.

Во исто време Пари Сент Жермен е во потрага по тренер за следната сезона бидејќи не е задоволен од Унаи Емери и не ги крие апетитите кон „Специјалниот“.

Муроњо има договор до Манчестер Јунајтд до 2020 година, но и тој неодамна изјави дека со задоволство би го водел ПСЖ.

Англиските медиуми пренесуваат дека „светците“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и веќе работат на негов ангажман.