Мурињо откри кога се враќа Ибра на терените!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати на терените до крајот на календарската година, потврди тренерот Жозе Мурињо.

Најдобриот стрелец на Јунајтед минатата сезона постигна 28 гола на 46 натпревари и тоа до 20-ти април кога заработи повреда на лигаментите од коленото.

Ибрахимовиќ тогаш мораше да оди на операција, а Муроњо денес откри кога очекува да се врати на терените.

„Златан е тука, напорно работи под наш надзор. Но, нема да се врати на терен следната или наредните неколку недели. Да го оставиме да работи на мир и да се врати кога ќе биде вистински момент“.

„Дали верувам дека ќе се врати во 2017 година? Да, можно е и верувам во тоа“, изјави Мурињо и ги израдува фановите.