Актуелно

Мунир Пепиќ: Шекеринска ја облеков во медицински мантил за да ја евакуираат!


Денес во судот дојде и полицискиот службеник Мунир Пепиќ. Тој изјави дека за време на „крвавиот четврток“ односно на настаните во Собранието на 27 април ѝ облекол докторски мантил на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат.

Тој вели дека дента бил службено во Собранието на Република Македонија, следел „икс“ личност и се борел за безбедноста на земјата.

„Девет години ја пеев химната на Македонија. Не може да ме наречат терорист“, рече Пепиќ.

Неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека Пепиќ е сомничен во случајот „Титаник“, одземен му е пасошот и се јавува редовно во судот, па нема како да избега.

Додаде дека Пепиќ има поддршка од Агенцијата за разузнавање каде што работи.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top