Мукоски започна штрајк со глад во затворот во Шутка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пратеникот Крсто Мукоски вчера започнал штрајк со глад во истражниот затвор во Скопје. Како што се дознава, тој уште од вчера утрото почнал да одбивал да ја земе затворската храна.

За случајот е известена затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба.

Неговиот адвокат Игор Кичеец поднесе жалба до Кривичниот совет против притворот кој што му беше изречен, заедно со уште двајца пратеници поради учество во инцидентите во Собранието на 27 април годинава.

Претходно со глад штрајкуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот исто така му изрече мерка притвор за „крвавиот четврток“. Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште 35 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Како што дознаваме од затворски извори, тој некогаш ја земал, а некогаш ја одбивал храната во затворот изминативе денови.