Му се собрале многу работи: Канје Вест пуштен од болница со незгодна дијагноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неодамнешните драматични случувања, раперот Канје Вест конечно е пуштен од болница и се врати дома кај своето семејство.

Но, ова не значи дека ситуацијата е разрешена, а Канје бил пуштен од болница единствено поради тоа што се согласил да биде под постојан надзор и грижа на својата сопруга Ким Кардашијан и на неговиот личен лекар, д-р Мајкл Фарзам.

Тоа што досега не се знаеше е дека токму др.Фарзам е тој што ја повикал брзата помош поради страв дека раперот може сам да си наштети, а Канје одбивал секаква помош и бил во сериозна параноична состојба. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што тој толку се противел и не дозволувал никој да го допре, што болничари и полицајци морале да го совладаат и да го врзат со лисици за да можат да го транспортираат во болница!

Лекарите во болницата со денови не можеа да му одредат дијагноза на Канје, а неговата ситуација не се подобруваше. Откако го пуштија на домашно лекување, официјалното соопштение е дека Канје страдал од нарушување на сонот предизвикано од кошмарите за грабежот на неговата сопруга Ким Кардашијан, што довело до параноични епизоди. Сево ова комбинирано со константната исцрпеност се поклопило со годишнината од смртта на мајката на Канје, што кулминирало со страшен нервен слом.

Иако е дома, лекарите велат дека тој мора да продолжи со психијатриски и медицински третмани бидејќи ситуацијата е многу сериозна. Се надеваме дека полека со помош на Ким ќе се врати во нормала.