Мртов маж пронајден на паркинг од струшки автокамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера околу 11 часот на паркинг во авто-камп во Струга пронајден бил починат К.Н. (42) од с.Велешта, струшко. Претходно лицето било пријавено за исчезнато на 15.03.2017 година, соопштија од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица Струга, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.