Може да сте во заблуда за овие: 5 состојки кои се штетни за вашата кожа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кожата или ја негувате на правилен начин, или оставате природата и условите да ја „земат во раце“. Не значи дека сè што е природно е и добро за вашата кожа. Еве некои ствари за кои повеќето веруваат дека се добри за кожната хигиена, но не е баш така.

Лимон

Лимонот е корисен за многу работи, но сепак имајте превид дека ја уништува деликатната кожа на лицето. pH-редноста на ова цитрусно овошје изнесува 2, додека на нашата кожа е околу 6.5, што го прави лимонот високо кисел. Тој ја иритира кожата и го нарушува балансот, а на понежната кожа може да предизвика и хемиски изгореници.

Сода бикарбона

Веројатно сте слушнале како сода бикарбоната е дел од многу домашни маски за разубавување.

За разлика од лимонот, содата има pH вредност 9 и е високо алкална. Тоа значи дека има силна способност да ја оштети надворешната кожна бариера (епидермисот) и да ја пресуши кожата. Ова воедно ја прави кожата поподложна на бактериски инфекции.

Паста за заби

Многумина се колнат дека доволно е да се нанесе само мала количина паста за заби врз акната и таа магично да исчезне. Пастата за заби слично како и сода бикарбоната е високо алкална и дополнително ја иритира кожата.

Шеќер

Белиот шеќер во гранули е одличен за пилинг на нозете или онаму каде што имате задебелена погруба кожа, но сепак има лошо влијание врз нежната кожа на лицето и ја иритира кожата со видливи оштетувања.

Бел оцет

И белиот оцет има многу висока pH вредност и никако не смее да се употребува врз кожата, ниту самостојно ниту пак во комбинација со други природни производи.

Со оглед на фактот што белиот оцет се употребува за чистење на домот и тврдокорните бактерии и наслаги, колку сметате дека е паметна идејата да го ставите врз вашето лице?