Може да летам со ваучер стар 19 години? МОЖЕ, НЕМА ПРОБЛЕМ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога ќе имаш к’смет во животот, она што за многумина од старт е речиси невозможно, особено кога станува збор за користење на поволности, попусти и други олеснителни околности во трошоците, за тебе е само логичен след на нештата во секојдневието.

Типот за кого станува збор во оваа статија е човек од Северна Каролина кој бил пресреќен кога сфатил дека пронашол ваучер за билет стар 19 години.

Џон Вокер од Гринсбороу пронашол заборавен ваучер од компанијата „Јунајтед ерлајнс“ во вредност од 378 долари, во кутија која ја чувал под креветот.

Ваучерот бил доделен во декември 1998 година, откако тој не успеал да стигне за лет од Нешвил до Сакраменто, каде што требало да присуствува на свадбата на неговиот братучед.

Вокер тогаш побарал враќање на средствата, но компанијата му испратила писмо во кое објаснила дека иако тоа не е можно, тој има право на ваучер кој ќе биде во можност да се користи на некој следен лет.

Вокер подоцна се преселил со своето семејство, а ваучерот го заборавил во кутија со стари документи. Бидејќи не планирал да патува долго време, вредното парче хартија го пронашол неодамна, кога пребарувал во кутијата.

Написот на ваучерот укажувал дека истиот е валиден „засекогаш“, што се покажало како точно, кога клиентот отишол во компанијата и го приложил документот.

Иако Вокер немал законско право на тоа, бидејќи долговите на компанијата, вклучувајќи ги и ваучерите со важност „засекогаш“, биле отпишани во 2010-та година кога „Јунајтед ерлајнс“ прогласи банкрот, одделот за кориснички услуги сепак одлучил да го признае ваучерот и му доделил замена.