Морбидно видео: Се снимаше како умира од каснување од црна мамба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот руски видео блогер и експерт за змии Арслан Валеев (31) од Санкт Петербург се снимал како умира пред камерите и тоа поради каснување од црна мамба. Во прашање бил неговиот миленик, кого поради распадот на бракот и тагувањето по бившата сопруга го пуштил да го касне за рака.

Тој во оваа потресна снимка во момент на целосна дезориентација и малаксаност ги моли гедачите да ја повикаат неговата бивша жена, по што умира.

Змијата и моментот на смртта не се прикажани, но блогерот, инаку некогашен работник во зоолошка градина, на набљудувачите им го покажува каснувањето на раката. На крајот на снимката стана од столчето и се одалечи од камерата, а набргу потоа и почина.

Инаку, неговата сопруга Екатерина „Катја“ Пјатижкина исто така е позната во Русија, затоа што заедно воделе неколку YouTube канали за змии и нивните миленици, црвениот рис, а имале илјадници следбеници.

Парот се развел поради тоа што Катја го изневерила со друг, поради што следувало семејно насилство. Таа побарала развод, а Арслан го направил оваа проштално видео.

„Кажете и дека ја сакам неизмерно. Збогум на сите, не можам да верувам дека тоа ми се случува. Некој нека ја повика Катја, би бил среќен ако има време да дојде и да ме види. Јас умирам. Би ми било драго ако можам да ја видам Катја. Се тресам“, вели тој додека несвесно ги превртува очите.

Гледачите започнале да се јавуваат во Итна помош, но во болницата не успеале да му помогнат.