Живот

„Мора да почитуваат само едно правило“: Самохран татко има добитен концепт за воспитување на децата


Бил Херман во 52. година станал самохран татко на двајца тинејџери, кои денес се добри, успешни и одговорни млади луѓе. Во текот на растењето тие морале да почитуваат само едно правило за кое Бил смета дека било клучот.

Следува неговата приказна:

– Бев проблематично дете, бидејќи бев единец на родители, кои не се согласуваа добро. Моето семејство припаѓаше на средната класа (додека таа се уште постоеше и имаше добар живот), а најмногу време во текот на растењето поминував сам.

Одгледав две деца. И ги дисциплинирав и им дадов слобода. Не ги расипав, но исто така ништо посебно не им давав.

Како и моите родители и јас се разведов кога децата имаа 15 и девет години и тогаш станав 52-годишен самохран татко. Беше тоа истовремено и тешко и забавно, малку почесто тешко.

Патувавме, им дозволував да тренираат боречки вештини, им дозволував пријатели да преспиваат кај нив и обратно, ги третирав како млади возрасни луѓе. Не им купував телевизори за нивните соби, мобилни телефони, ниту компјутери, се додека не тргнаа во средно училиште. Тогаш не им купив автомобил.

Добро ни одеше. Пред се бидејќи тие го знаеја моето правило и знаеја дека ако го прекршат ќе мора да сносат последици.

И сега она најважното, немав како повеќето родители листа со правила и забрани, кои стојат залепени на фрижидер, поради кои би ги казнувал или би го ограничувал гледањето ТВ. Не. Бидејќи имав само едно правило кое гласеше – бегајте од неволји! Знаеја што значи ова правило и го почитуваат цело време додека пораснаа.

Заедно правевме се и сешто. Одевме на скијање, сноуборд, кампирање и многу други луди работи. Ги пуштав да ја посетат мајката кога и ќе посакаа. Мојата ќерка се вљуби во коњите, ја поддржав таа љубов. Мојот син рано научи да биде диџеј, ја поддржав и неговата страст. Никогаш не бев негативен. А тие се тргаа од неволји.

Немав листа со правила и тоа се покажа како мошне добро за моето семејство. Тие денеска се одговорни возрасни луѓе, кои имаа свои сопствени бизниси.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top