Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Милан, Винченцо Монтела се пошегува на гласините дека наскоро на клупата на „росонерите“ ќе биде заменет од страна на Карло Анчелоти.
Анчелоти вчера доби отказ од Баерн Минхен и сега е слободен, а „Газета дело Спорт“ тврди дека раководството на Милан веќе ги направило првите контакти.
Анчелоти е легенда на Милан и не ја крие својата љубов кон „росонерите“, па поради тоа често се поврзува со враќање на „Сан Сиро“.
Меѓутоа, Монтела не се грижи за своето работно место и на интересен начин ги прокоментира гласините.
„Анчелоти е личност која многу ја почитувам. Тој беше човекот со кого прв разговарав на почетокот на мојата тренерска кариера. Карло тогаш работеше во Челси и ми понуди да му бидам негов помошник. Сега, ако сака да се врати во Милан, може да биде мој помошник“, низ смеа прокоментира Монтела.