Монструозни цифри: Јавниот долг на САД надмина вртоглави 20 трилиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долгот на САД за прв пат во историјата ја надмина границата од 20 трилиони долари, објави Бизнис Инсајдер. Од средината на март таванот на долгот беше замрзнат на ниво од 19,84 трилиони долари.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон за привремено кревање до 8 декември за да им помогне на погодените држави Тексас и Луизијана, кои останаа во урнатини од последиците на ураганот „Харви”. Овој закон овозможува избегнување на несогласувања во врска со буџетот меѓу партиите и фракциите во Конгресот и затворање на владата.

Во моментов, долгот достигнува 20.164 трилиони долари и продолжува да расте. Во осумте години на владеењето на претходниот претседател Барак Обама долгот на земјата се зголеми за 10,63 трилиони. долари и речиси беше удвоен. Со економски раст од околу 3 проценти од БДП годишно и рекордно ниски камати на Федералните резерви од 0,25 до 0,5 проценти, сервисирањето на долгот не беше проблем.

Но, на крајот од 2016 година, Банката на федерални резерви почна да ја нормализира монетарната политика. Во јули беше одлучено да се одржи каматната стапка на ниво од 1 до 1.25 проценти годишно. Трамп во неколку наврати изјавуваше дека долгот на САД треба да биде намален, но тој беше должен да се согласи со зголемувањето во светлината на растечките социјални плаќања на администрацијата и во рамките на буџетот.