Моментално активни 15 пожари: Албанија повторно во пламен, бара помош од Грција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Албанија се наоѓа во критична ситуација, поради пожарите од големи размери, кои беснеат на нејзина територија.

Според Министертвото за надворешни работи, министерот Дитмир Бушати контактирал со неговиот грчки колеги, од кого побарал да упатат авони за гаснење на пожар. Ветено било дека два авиона од островот Крф ќе полетаат за да им помогнат на албанските пожарникари.

Бушати побарал помош од италијанскиот колега Ангелино Алфано, кој исто така ветил дека во текот на денов кон Албанија ќе полетаат авиони за гаснење пожари.

И претходно поради големиот број пожари Албанија побара помош од Грција и од НАТО. Моментно активни се најмалку 15 големи пожари.