Могерини утре во Македонија, очекува да ја пречека нов Претеседател на Собрание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високиот претсавник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, при утрешната посетеа во Скопје очекува да биде избран нов претседател на Собранието на Македонија. Овие зборови се буквално впишани во нејзината агенда која што попладнево беше испратена од страна од страна на Европската служба за дописници во странство.

Од 18 до 19 часот средба со политичките лидери во парламентот на која ќе и претходи протоколарна средба со собранискиот спикер (се уште не е избран, но се очекува да биде избран до времето на оваа посета), пишува во агендата на Могерини.

На средбите во собранието ќе им претходи средба со претседателот Ѓорѓе Иванов во 16:30 во неговата резиденција во времетраење од 20 минути. А по парламентот, Могерини ќе се сретне со претставници на цивилниот сектор во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Средбата на Могерини е дел од нејзината турнеја на Западен Балкан којашто започна денеска во Црна Гора, а ќе ги опфати и Србија, Албанија, Македонија, Косово и Босна Херцеговина.