Актуелно

Могерини: Балканот е приоритет на ЕУ


Балканот е приоритет на Европската унија (ЕУ), изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, додавајќи дека оваа година тензиите на Балканот се зголемуваа загрижувачки.Таа оцени дека “партнерите на ЕУ на Балканот”, секогаш успевале да ја потврдат нивната желба и способност да направат напредок на патот кон ЕУ, бидејќи, како што вели, тоа го бара од нив населението.

„Оваа година видовме дека тензиите на Балканот загрижувачки растеа, во различно време во различни земји. Имавме моменти на криза, акутна криза, но на крајот на денот, нашите партнери на Балканот секогаш успеваа да ја потврдат нивната желба и способност да постигнат напредок на европскиот пат,на нивниот пат кон ЕУ “, истакна Могерини.

Таа на отворањето на Конференцијата на амбасадорите на ЕУ рече дека Унијата им помага на балканските држави, но дека тоа е нивна заслуга.

„Зошто? Затоа што верувам дека нивната млада популација го бара тоа од своите лидери и лидерите тоа го знаат многу добро. Може да биде тешко, предизвикувачки и понекогаш болно да работат на помирување и добрососедски односи, но ако на крајот на денот тоа го бараат лужето од нив, треба да се обезбеди. Ние сме тука да им овозможиме да се обезбеди “, рече Могерини.

Таа, исто така порачала дека Балканот не е двор на Европа, туку самата Европа.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top