Актуелно

Млад прилепчанец пронајден мртов


Во објектот на поранешно инфективно одделение на болницата во Прилеп, вчера е пронајдено починато лице, соопшти полицијата.

Смртта била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на прилепската полиција.

Констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!