Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека неговата партија останува на позицијата дека Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и дека останува на браникот на заштита на националните и државните интереси, пренесува „Макфакс“.

„Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција го води Владата. Тој спор треба да продолжи и понатаму да го движи. ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува единствен на опцијата дека Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Според него, ваква средба требало да се случи порано. Тој не откри повеќе детали од состанокот на кој учествуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот Ѓорге Иванов, за да не го наруши процесот.