Мисицата ја демне една година затвор поради „непримерен твит“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турското обвинителство побара една година затвор за бившата Мис на Турција, Итир Есен, поради „отворено навредување на дел од јавноста“ на социјалната мрежа Твитер, пренесуваат турските медиуми.

Есен, која титулата Мис на Турција за 2017 година ја загуби во септември, откако и ја одзедоа еден ден после изборот за најубава жена на Турција, негираше било каква намера дека со објавата сакала да навреди некого.

Пред одредувањето на датумот за судење, турскиот суд мора првин да го усвои барањето на обвинителството.

Есен, наводно, во својот твит менструалната крв ја споредила со крвта на убиените лица за време на обидот за државен удар во Турција со кој се проба Ердоган да биде симнат од власт.