Министерство за животна средина предлага: Со посебен возен режим до почист воздух


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ќе возиме ли пар непар, министерството за животна средина предложи мерки против загадувањето на воздухот за кои владата и министерството за внатрешни работи ќе треба да се произнесат.

Министерот за животна средина Башким Амети, предлага и да се преполови користењето на службени возила.

Владата да препорача до државните органи да се преполво бројот на возилата кои ги користат за службени цели и МВР да пристапи на измени и дополнување во законот за безбедност во сообраќајот за да може да се вметне оваа мерка, вели Башким Амети, министер за животна средина и просторно планирање.

Дел од европратениците сметаат дека квалитетот на воздухот треба да биде приоритет на локалната и централната власт, а владата и институциите посериозно да работат на проблематиката. Тие велат дека загаденоста не е проблем само во земјава но во европската унија државите работат на имплементирање на закононите кои го подобруваат квалитетот на воздухот.

Има 51 индивидуална мерка за извор на емисии и тука се, сообраќајот, управување со отпад, грееше во домаќинствата и тоа мора да биде детално анализирано, вели Анти-Веико Каутонен, аташе на МНР на Финска.

Загаденоста на воздухот нема да се намали доколку не се донесе цел пакет мерки, сметаат од зелената партија.

Не може решеное да биде само една мерка зошто е само капка во морето, вели Маја Морачанин, портпарол на ДОМ

Енорманата загаденост на воздухот опозицијата му ја препиша на скопскиот градоначалник. СДСМ вели, наместо Коце Трајановски да инвестира во здравјето на граѓаните парите ги трошеше на непотребни проекти.

За Трајановски е скапо да плати еден милион евра за намалување на загаденоста, но истовремено не му е скапо да плати 6 милиони евра за нови барокни фасади, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ

Од партијата на Трајановски пак ги демантираат тврдењата. Велат да знаеле СДСМ да го решат проблемот ќе ја намалеле загаденоста на воздухот во Струмица и Куманово, но и ќе инвестирале во сообраќајот и во реконструкцијата на булеварите како што тоа го направи ВМРО ДПМНЕ.