Министер со карактер: Си даде оставка поради недолична изјава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонскиот министер Масахиро Имамура, задолжен за обнова на областите уништени по ударот на цунамито и катастрофата во Фукушима 2011 година поднесе оставка поради својот непримерен коментар дека е подобро што таа несреќа го погодила североистокот на земјата, а не Токио.

Масахиро Имамура ова го изјави вчера на една забава која ја организираа пратениците на владејачката Либерално демократска партија.

-Подобро е тоа што се случи на североистокот, рече Имамура, говорејќи за штетата што ја предизвика разорниот земјотрес од девет степени според Рихтер, по што следуваше цунами, при што загинаа или се водат за исчезнати речиси 20.000 луѓе.

Овие негови коментари уследија неколку недели по уште еден инцидент на конференција за новинарите што ја држеше Имамура. Тој тогаш со потценување говореше за луѓето кои од страв ја напуштиле Фукушима, па со висок тон им се обратил на новинарите и на крај ја напуштил салата.

Поради ваквото однесување тој беше опоменат од премиерот Шинзо Абе, кој се извини во името на министерот.

Тоа беше исклучително несоодветен коментар, изјави Абе по оставката на Имамура.