Милионерска работа: Ем кукаат, ем пак ќе се богатат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мнозинството од милионерите на седум меѓународни пазари веруваат дека глобалното економско, политичко и финансиско опкружување сега е понепредвидливо од кога било, но сепак значителен број од нив очекуваат и понатаму да го зголемуваат своето богатство, според истражувањето на швајцарската банка УБС.

Истражувањето, спроведено од страна на организационите единици на УБС Асет Менаџмент опфати 2.842 милионери во седум земји, Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Мексико, Италија, Швајцарија и Велика Британија, кои имаат најмалку по еден милион долари за инвестиции, пренесува американската телевизиска мрежа CNBC.