Актуелно

Милијардите на Арно го купуваат брендот Dior


Францускиот милијардер Бернар Арно, претседател и еден од акционерите на најголемата луксузна компанија LVMH, го купува брендот Dior за 12 милијарди евра. Најголемата финансиска трансакција во историјата на модата предвидува купување на машката и на женската модна линија и на чантите Dior.

Претходно, Арно ги купи парфемите и козметиката Dior. Сега целиот бренд ќе биде под капата на луксузната империја, која вклучува 70 други брендови, меѓу нив и Dom Perignon, Bulgari, Louis Vuitton, Sephora и други.

Арно поседува 47 проценти од акциите во компанијата, на чие чело е од 1989 година и е меѓу 15-темина најбогати бизнисмени во светот, според Forbes. LVMH лани забележа рекордна продажба на производите од брендовите што ги поседува. Во 2014 година, Арно го отвори музејот наLouis Vuitton во Париз, кој чинеше 135 милиони евра, дизајниран од легендарниот архитект Френк Гери. Во план е и изградба на нова културна институција во француската метропола, финансирана од Арно.

Dior е синоним на високата мода, на париската традиција на изработка на уникатни, скапи, рачно изработени свечени тоалети. Основачот, дизајнерот Диор, се смета за еден од највлијателните креатори на сите времиња. Почина во 1957 година. На топ црвените килими во светот престиж е да се носи тоалета на Dior.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top